top of page
C_edited.jpg
Logo Investapedia Gold

Инвестапедиа

Трговија на големо со метали и метални руди

Тел:

+389/71506009

Email:

Адреса:

Народен фронт 5-1/1, Скопје, Р.Северна Македонија

Датум на основање:

03.05.2019

За нас

Република Северна Македонија ја доби својата прва 100% македонска компанија специјализиран трговец со инвестициски метали и авторизиран дилер на германската рафинерија за злато C. Hafner. Во ноември 2023 година, по длабинска ревизија на работењето, компанијата доби авторизација за директен увоз и дилерство од најреномираната германска рафинерија за злато C. Hafner - Germany, дополнително подобрувајќи го својот кредибилитет и понудата на услуги. Преку професионални односи со клиентите и експертско водство, ИНВЕСТАПЕДИА на своите клиенти им овозможува својот профит и капитал да го зголемуваат континуирано, зацврстувајќи ја позицијата како доверлив партнер на пазарот на благородни метали. ​​Откријте ја вредноста и привлечноста на инвестициското злато во ИНВЕСТАПЕДИА. Нашиот прецизен избор ги претставува најдобрите рафинерии за производство на златни прачки, секоја со уникатна приказна. Истражете ја нашата извонредна понуда и пронајдете го совршениот избор за вашиот буџет.​​​​

ВО ЗЛАТОТО ВЕРУВАМЕ - IN GOLD WE TRUST.

 

 

 

 

 

 

 

Дејан Костадинов Петров, е извршен директор на Инвестапедиа, со истакнато искуство во банкарскиот сектор, инвестицииите и јавната администрација во Македонија. Од јуни 2019 година, е главен извршен директор на компанијата, водејќи ја како овластен дилер на скапоцени метали со 100% македонски капитал преку  партнерства со меѓународни производители како што е C. Hafner GMBH, Austrian Mint и Argor Heraeus. Инвестициското и аналитичко искуство го стекнува во улогата на менаџер за корпоративно кредитирање во Силк Роад Банка и Алфа Банка АД од 2013 до 2019 година, каде што го развива портфолиото на банките преку стратешките кредитни политики. Искуството и препознатливиот дипломатски рејтинг го гради во Министерството за надворешни работи како државен советник и директор во Владата на Република Северна Македонија од 2002 до 2013 година, придонесувајќи за развојот на надворешната политика и позиции на државата.

 

​​

CEO image

Историјат

Мај 2019 - Ноември 2023

Ноември 2023 - до денес

Фебруари 2026 -

Инвестапедиа е основана со 100% македонски капитал од страна на г-дин Дејан Костадинов Петров во 2019г, од кога ја гради својата силна репутација во доменот на експертски консултации за странски инвеститори преку склучени договори со реномирани компании и фондови од ЕУ, со цел активно обезбедување на конзистентен сет на мултидисциплинарни консултантски услуги засновани на меѓународно и локално знаење од индустријата.

Во ноември 2023 година, по длабинска ревизија на работењето, компанијата доби авторизација за дилерство од најреномираната германска рафинерија за злато C. Hafner - Germany, дополнително подобрувајќи го својот кредибилитет и понудата на услуги.

Инвестапедиа ја формираше првата платформа за тргување со инвестициско злато за сите инвеститори во Р. Северна Македонија, преку која се формираше слободен пазар на инвестициско злато во форма на P2P понуда.

bottom of page