top of page

Обезбедете подобра иднина за себе и за оние што ги сакате со инвестициското злато преку вашиот партнер ИНВЕСТАПЕДИА. Заштитете ги вашите заштеди со најквалитетни златни прачки и монети од најпознатите рафинерии во светот.
Обезбедуваме искрена и непристрасна стратегија за инвестирање во злато, прилагодена на вашите деловни и лични околности.

Инвестициско Злато Инвестапедиа

Дејан Костадинов Петров
Сопственик и менаџер

Дејан Костадинов Петров (Магистер на правни науки,LL.M) – консултант за инвестици во благородни метали, странски инвестиции, спојување и аквизиција на копании, реструктуирање, реформа и корпоративен менаџмент,

За нашата компанија:

Инвестапедиа ДООЕЛ, која освен консултантски услуги и анализа на пазарот во Република Северна Македонија, е специјализирана за трговија со големи количини инвестициско злато и е прва компанија увозник на инвестициско злато со 100% македонски основачки капитал во државата и регионот. По препорака на LBMA (London Bullion Market Association), членка на Лондонската берза за злато и WGC (World Gold Council), покрај на светскиот пазар на злато, Инвестапедиа како овластен дристрибутер ги прави достапни за нашите клиенти златните прачки од престижната рафинерија C.HAFNER GMBH + CO. KG. Според европското законодавство, инвестициското злато се произведува во форма на златни прачки, чија минимална прифатена тежина е 1 g и чија гарантирана чистота е еднаква на 995/1000 или повисока. Ви нудиме меѓународно признати инвестициски единици (златни прачки) во физичка форма. Секоја златна прачка има печат со името на производителот и сериски број што ја прави единствена и неповторлива во целиот свет.

Кај нас секогаш можете да купите златни прачки и да ги уплатите преку нашите сметки во комерцијалните банки.

Златото кое потекнува од надворешни извори, т.е. што е купено надвор од нашата продажна мрежа, ние не го откупуваме.

Ваквата внатрешна деловна одлука има траен карактер.

Со секоја купена златна прачка добивате меѓународен цертификат за квалитет и автентичност кој носи две придобивки за купувачот на инвестициски производи од злато:

1. Безбедност при купување златни прачки (потврдува оригиналност, чистота и тежина).

2. Гарантира лесна конвертибилност (замена за пари). Златните шипки од рафинериите за злато кои се на списокот ДОБРА ДОСТАВА се добиваат без дополнителни проверки насекаде во светот.

Кое е значењето на нашите сертификати?

СЕРТИФИКАТОТ дополнително го гарантира физичкиот интегритет и автентичноста на инвестицискиот производ. Тоа гарантира дека ЗЛАТНАТА ПРАЧКА е произведена во реномирана светска рафинерија за злато.

Што ви нудиме?

Специјализирани сме за инвестициски консалтинг во областа на инвестирање во благородни метали. Ќе ви обезбедиме стручни совети и најдобри индивидуални решенија за купување злато. Ќе ве запознаеме со партнерската инвестициска програма на производителот на благородни метали C.HAFNER GMBH + CO. KG, чии производи ги ставивме достапни за купување во Република Северна Македонија. Ќе ве запознаеме со препорачаните инвестициски производи од злато, без разлика дали сте мал, среден или голем инвеститор.

Нашиот детален, аналитички и сеопфатен пристап кон бизнисот, како и развојот на двонасочна комуникација, резултира со најдобро разбирање на вашите инвестициски идеи и цели. За нас секој клиент е единствен и затоа создаваме инвестициска понуда за да ги задоволиме индивидуалните барања на секој клиент. Додека работиме за вас, ние сме посветени на длабоко разбирање на вашите барања, врз основа на двонасочна комуникација. Ги идентификуваме вашите можности и создаваме оптимално инвестициско портфолио за вас.

 

 

bottom of page