top of page

Политика на приватност

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Друштвото за производство, трговија и услуги (понатаму “Инвестапедиа”) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.investapediagold.mk (понатаму: ”интернет страница”). Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.Содржината на веб-сајтот investapedigold.mk е наменета за лица над 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ

При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за купување билети. Доколку го преземете ова дејство се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате. При пополнување на контакт формата на интернет страната, се обработуваат Вашите лични податоци, и тоа:

Име, Презиме, Е-маил ,Телефонски број 

Порака

При пополнување на пристапница за регистрација, се обработуваат Вашите лични податоци и тоа:

Име и Презиме доколку се однесува на физичко лице или Правен назив на компанијата / организацијата, Адреса, Емаил, Телефонски број, Веб страна, Даночен број или Единствен матичен број, Овластено лице 

При пополнување на форма за преземање на извештаи, се обработуваат Вашите лични податоци и тоа:

Име и презиме, Е-маил адреса, Телефонски број, Компанија во која работите, Веб страна на компанијата, Работна позиција. 

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), се обработуваат Вашите лични податоци, и тоа:

Вашиот е-маил

COOKIES / КОЛАЧИЊА

За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.​

НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците при вашата посета на веб-сајтот се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).​

ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?

Се собираат и обработуваат Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:​

Администрирање на содржината и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;

За контакт по пат на електронска пошта

НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци. Обработката на Вашите лични податоци ја вршиме согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располагаме .Дополнително, применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка. Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за имаме законска обврска да ги чуваме во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон .Личните податоци при користење на услугата Контакт, Пополнување на пристапница за членство и преземање на извештаи  ги чуваме се до повлекување на Вашата согласност. При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), ги чуваме Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.​

ПОЛИТИКА ЗА НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи или новости поврзани со услуги, вклучително и нашите објавувања за претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас. Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата. При посета на нашиот веб-сајт, имате право да ја оставите својата e-mail адреса во полето “Бидете во тек” со стискање на копчето “Регистрација”. Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “Unsubscribe from this list” Или, Вашите права може да не контактирате за заштита на личните податоци во секое време прекуЕ-маил адреса: investapedia@icloud.comКонтакт телефон: +389 71 35 55 31​

ВАШИ ПРАВA

Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:

Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци

Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци

Право на бришење на личните податоци

Право на ограничување на обработката

Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;

Право на приговор против обработката на личните податоци;

Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста

Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци

Прочитајте ја официјалната политика на следниот линк.Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права. Политика за заштита на лични податоци. Образец 1: Барање за доставување на информации за обработка на личните податоциОбразец 2: Барање за запирање на обработката на личните податоци

ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.​

ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ

Инвестапедиа не врши пренос на лични податоци во трети држави.​

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

ДАТУМ НА ОБЈАВА НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

20.12.2023 годинa.

bottom of page